https://www.facebook.com/photo.php?fbid=372328521602859&set=pb.100064771413898.-2207520000..&type=3

07.02.2023 Скопје

Шведските одбранбени сили го распоредија напредниот систем за противвоздушна одбрана „Патриот“ околу стратешкото јужно пристаниште Гетеборг за да видат како ќе реагираат на криза со мала веројатност дека Шведска ќе биде нападната.

Ова е првпат американскиот систем за противвоздушна одбрана „Патриот“, способен да пресретнува балистички ракети, крстаречки ракети и авиони во опсег од 60-160 километри, во зависност од употребената ракета, да биде употребен во акција од шведските вооружени сили.

Офицерот за печат во шведските вооружени сили Тереза Фагерштет истакна дека западниот брег со пристаништето Гетеборг е стратешки важен со сите транспорти што доаѓаат таму, и затоа е клучно „да можеме да се заштитиме од напад со овој систем“. Воедно, истакна дека тоа „не е вежба“, додавајќи дека распоредувањето е дел од операцијата за подготвеност.

На веб-страница на Шведската агенција за одбрана се наведува дека вонредните операции се спроведуваат за да се тестира колку брзо и ефикасно „нашите единици и борбени сили можат да одговорат во кризна ситуација и операцијата не е поттикната од никаква промена на заканата за Шведска“.

Шведските вооружени сили сметаат дека ризикот од вооружен напад против Шведска е низок, но не може да го исклучи таквото сценарио.

По војната во Украина, Шведска ги зголеми своите воени трошоци, кои вклучуваат купување на ракети за воздушна одбрана „Патриот“ од САД.

Само минатата година Шведска направи две нарачки, од кои едната во вкупна вредност од 30 милијарди шведски круни (2 милијарди евра) што беше дадена од актуелната влада пред Божиќ, а другата во вредност од 1,3 милијарди шведски круни (114 милиони евра), дадена од поранешната социјалдемократска влада во Мај минатата година.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *