
10.02.2023 Скопје
Според резултатите од глобална студија на „Алијанц“ за проценување на богатството на државите, Швеѓаните се најдоа на четврто место во Европа, а на петто место во светот, веднаш зад Швајцарците, Американците, Британците и Белгијците.
Според извештајот кој ги мери паричните средства по глава на жител, Швеѓаните имаат просечно богатство од 82.920 €, односно 782.425 круни, а приближно се движи и богатството на нордиските земји.
Швајцарија е доминантна на листата, со богатство од неверојатни 157.450 евра по глава на жител. Покрај тоа, Швајцарците се покажаа како најголеми штедачи, а исто така е и земја која има најмал државен долг, со просек од 80.000€ по лице.
Веднаш зад Швајцарија се наоѓа САД, но сепак, иако истражувањата покажуваат дека иако САД е на второто место според богатството, таму постои најголем јаз меѓу богатите и сиромашните, со разлика во приходите од дури 80,6%.
Подготвено од М.Н.