kaja shukova sdsm

10.02.2023 Скопје

Државната секретарка во екологија, Каја Шукова, ќе биде предлогот на СДСМ за министерка за животна средина.

Шукова на министерската позиција ќе дојде на местото на Насер Нуредини откако за влезот на новиот партнер во Владата ,Алијанса за Албанците, ДУИ таа позиција ја отстапува на СДСМ поради етнички баланс.

Според информации од СДСМ, освен Шукова, владејачката партија за нов заменик министер во здравство ќе ја предложи Маја Манолева, која ќе дојде на местото на Владимир Рендевски. Манолева е директорка на Институтот за физикална медицина и рехабилитација.

Во текот на денот, Алтернатива ќе одлучи дали ќе остане во Владата.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author