03.02.2023 Скопје
Шпанската влада донесе нов закон со кој се охрабрува носењето дома на храната од ресторантите, продавниците и угостителските објекти.
Законот, кој се очекува да стапи на сила на 1 јануари следната година, ќе бара од компаниите да направат планови за намалување на загубата и отпадот на храна.
За фирмите кои нема да го почитуваат овој закон, предвидени се строги казни кои се движат и до неколку десетици илјади евра.
Шпанците од оваа година строго се борат со законот против фрлање храна. Според владиниот предлог, од супермаркетите, продавниците и рестораните ќе се бара да ги намалат цените на производите на кои наскоро ќе им истече рокот на траење.
Покрај нив, истата обврска ќе ја имаат и училишните ресторани, работничките и болничките мензи.
Баровите и рестораните во Шпанија ќе бидат обврзани на своите гости да им нудат бесплатни „кучешки кеси“ за да можат да ја односат дома неизедена храна во согласност со новиот закон.
Подготвено од М.Н.