https://twitter.com/OlafScholz/status/1469718690753097730/photo/3

24.02.2023 Скопје

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека не треба да се залажуваат во однос на Кина, која најави мировен план за Украина и изрази страв дека војната во која Русија нема и не смее да победи ќе трае долго.

Кина пред неколку недели објави дека е подготвена да посредува во решавањето на украинскиот конфликт и треба да претстави план за политичко решение на конфликтот во Украина по повод годишнината од почетокот на руската инвазија на 24 февруари.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен, на безбедносна конференција во Минхен изјави дека кинеските компании веќе и помагаат на Русија, а новите информации говорат дека Кина може да испрати оружје на Русија, но Пекинг ја демантираше таа изјава.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел исто така предупреди дека евентуалната одлука на Кина да ја вооружи Русија ќе биде „црвена линија“ за Европската унија.

Подготвено од М.Н.

About Author