vang ji poseta moskva sredba lavrov

20.02.2023 Скопје

Шефот на кинеската дипломатија Ванг Ји е во официјална посета во Москва, а главна цел на неговата посета е да се зголеми улогата на Пекинг во договорот за Украина, соопштија од кинеската влада.

На годишната Минхенска безбедносна конференција минатата недела, Ванг Ји ги обвини САД за кршење на меѓународните норми со „хистерично“ однесување, повика на дијалог и предложи европските земји „смирено да размислат“ за начините за завршување на војната.

Ванг исто така истакна дека има „некои сили кои очигледно не сакаат преговорите да успеат или војната наскоро да заврши“, но не прецизираше на кого се мисли.

Минатата недела италијанскиот министер за надворешни работи најави дека кинескиот претседател Си Џинпинг, треба да одржи „мировен говор“ на годишнината од инвазијата на Украина.

Подготвено од М.Н.

About Author