https://www.flickr.com/photos/prachatai/51805967004/in/photolist-2mVV86E-NAdBEb-TjjPTs-dzoiKd-21TSjSJ-2nXitQM-29hsmV3-2nje2Tm-fE1P6R-qsuQUw-2j8eHVo-U31gcw-bnaTSg-Y9qvjj-dGXZbA-22iYPjq-QsXQm6-DnsFEN-FCCPqD-ebKocW-21dcVGc-8NZTBC-Zwn1sB-HcA64w-2mfuTRq-2k7UNTj-2mgkxqf-25VdyVX-Ayv59p-Jiu7LR-qYbyFw-WKBsV6-nHPKz6-dAWDPL-FoTf67-2itWqHt-2gzGVo7-EvV2Jd-2kGr1fD-2hpcPWC-YNQ71P-b4GwvV-24wrSAS-29skGgb-MvX6vA-2jbT2xa-TF4dBB-XH5meh-XH5kXL-qqGL5g

15.02.2023 Скопје

Медиумите во Јужна Кореја објавија дека кризата со храна во Северна Кореја се влошува и дека севернокорејските власти првпат по повеќе од две децении ги намалиле оброците за војниците.

Северна Кореја доживеа голем недостиг на храна во последниве децении, вклучително и глад во 1990-тите.

Изолираната земја е под строги меѓународни санкции поради нејзината програма за нуклеарно оружје и балистички ракети, а во последниве години нејзината ограничена гранична трговија речиси целосно стивна поради пандемијата „Ковид-19“.

Севернокорејската државна новинска агенција KCNA на 6 февруари објави дека Работничката партија на Кореја свикала состанок на централниот комитет на партијата за „многу важна и итна задача за одредување на правилната стратегија за развој на земјоделството“.

Минатиот месец, американската мониторинг група 38 North изјави дека е голема веројатноста достапноста на храна во Северна Кореја да е под минимумот за човечките потреби.

Подготвено од М.Н.

About Author