09.02.2023 Скопје
Државните медиуми во Северна Кореја ја објавија воената парада која се одржа на 75-годишнината од основањето на севернокорејската армија.
Северна Кореја на парадата го покажа својот нуклеарен арсенал, со повеќе интерконтинентални балистички ракети (ИЦБМ), објавија државните медиуми.
Со интерконтинентални балистички ракети, Северна Кореја ги покажа своите најголеми нуклеарни способности до сега, а на парадата можеше да се види и тактичко нуклеарно оружје.
Лидерот Ким Џонг-ун присуствуваше на парадата со својата ќерка, која еден ден би можела да го наследи нејзиниот татко на чело на оваа земја.
Пјонгјанг продолжува да ја развива својата програма за балистички проектили, тестирајќи се поголем број напредни ракетни системи и покрај резолуциите и санкциите на Советот за безбедност на ОН.
Подготвено од М.Н.