shvedska policija

09.02.2023 Скопје

Шведската служба за безбедност предупреди дека терористичките закани против Шведска се зголемени, наведувајќи го палењето на Куранот пред турската амбасада во февруари како една од главните причини.

Според разузнавачките служби, Шведска сега е повеќе цел на насилен екстремизам од кога било досега.

Во соопштението за печатот се додава дека шведската безбедносна служба тесно соработува со националните и меѓународните партнери во „нашите напори да ја заштитиме националната безбедност и ја проценува заканата на тековна основа, а ситуацијата по неодамнешните настани е проблематична“.

Зголемувањето на заканите беше поттикнато од палењето на Куранот пред турската амбасада во Стокхолм минатиот месец од страна на Расмус Палудан, данско-шведски екстремно десничарски екстремист. Палењето доведе до масовни демонстрации низ муслиманскиот свет од Истанбул до Џакарта, влошувајќи ги односите со Турција, која сега одбива да ја прифати кандидатурата на Шведска за НАТО.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дури побара од Шведска да го измени своето законодавство за слободата на изразување за да го направи палењето книги на Куранот прекршок.

Војната во Украина, како и меѓународните гласини околу наводното учество на шведските социјални служби во незаконското одвојување на децата од нивните родители, исто така придонесоа за зголемување на заканите.

Сепак, нивото на закана од тероризам во Шведска останува непроменето и покрај тоа што е на покачени три на скала од пет точки.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author