odroni tetovsko

14.02.2023 Скопје

Ерозивните процеси кон рекреативното место Бањиче на Шарпланинскиот масив не се смируваат. Изминативе неколку недели големи наноси од земја се спуштаат кон патот, а одрони се паднати и на самиот коловоз.

Од декември 2022 година, кога се интензивираа врнежите од дожд, ерозивните процеси кон пределот Бањиче повторно се активираа.

На планината се појавени пукнатини и земјиштето моментално е дестабилизирано и затоа не можат да интервенираат. Од Општина Тетово информираа дека се поставени само знаци за предупредување, но преку проект кој планираат да започне напролет се планираат превентивни активности за стабилизација на земјиштетото.

Тетовци велат дека ваквите најави на властите ги слушаат со години, но на терен не се преземаат сериозни превентивни чекори.

Патот и пешачката зона кон Бањиче беше обновен и проширен пред пет години. Уште тогаш геолозите предупредуваа дека делницата се проширува на сметка на планината со многу стрмни косини, што може да предизвика ерозивни процеси.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author