17.02.2023 Скопје
Американската државна потсекретарка, Викторија Нуланд, изјави дека САД сметаат дека Крим, кој Русија го анектира во 2014 година, треба во најмала рака да се демилитаризира, додека официјален Вашингтон истовремено ги поддржува украинските напади врз воени цели на анектираниот полуостров.
На Крим се наоѓа морското пристаниште Севастопол, каде што е сместена руската црноморска флота, а западните и руските дипломати сметаат дека тој полуостров е во центарот на украинската војна.
„Без разлика каква одлука ќе донесат Украинците за Крим, кога станува збор за одлучување каде ќе се водат борбите, Украина нема да биде безбедна додека Крим не биде барем демилитаризиран“, истакна потсекретаркана на САД, Нуланд, и додаде дека тоа се легитимни цели, „Украина ги гаѓа и ние го поддржуваме тоа“.
Крим, кој излегува на Црното Море, бил припоен кон Руската империја од страна на Катерина Велика во 18 век.
Украина сака да ја врати целата територија на Крим анектирана од Русија, но секој напад на Крим би бил исклучително опасен и би претставувал ризик од голема ескалација на војната.
Подготвено од М.Н.