14.02.2023 Скопје
САД нема да ги испрати многу бараните ракети на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кои се со долг дострел бидејќи не сакаат да ја ослабнат сопствена залиха.
Некои новинарски агенции објавија дека претставници на администрацијата на Џо Бајден им јавиле на украинските претставници дека САД ќе ризикуваат недостиг од воени тактички ракетни системи доколку бидат доставени до Киев, со што ќе ја оштети сопствената подготвеност за каква било идна борба.
САД исто така стравуваат дека Украина може да ја премине имагинарната црвена линија поставена од Кремљ и да користи американско оружје за да гаѓа цели длабоко во задниот дел на Русија.
Администрацијата на Бајден соопшти дека, САД и понатаму ќе остане да се фокусира на обезбедување на воздушна одбрана на Украина.
Подготвено од М.Н.