https://www.facebook.com/photo.php?fbid=3292496227667397&set=pb.100007211555008.-2207520000.&type=3

18.02.2023 Скопје

Војската на САД објави договор за речиси 1 милијарда долари за зголемување на производството на артилериска муниција од 155 мм што ја користи Украина во големи количини.

Во соопштението на американската војска се вели дека, воените компании General Dynamics Ordnance & Tactical Systems и American Ordnance ќе се натпреваруваат за поединечни нарачки за муниција според договорот вреден 993,7 милиони долари, а целта е да се произведуваат меѓу 12.000 и 20.000 дополнителни артилериски гранати месечно.

Веста доаѓа откако војската на две други компании им додели договор од 522 милиони долари за купување муниција од истиот калибар како дел од механизмот за помош од Пентагон за Украина.

За производство на артилериска муниција е потребно долго време, а брзо се троши. Количината на муниција што ја користат Украина и Русија засега е намалена поради доаѓањето на зимата и недостигот што го чувствуваат двете земји.

Подготвено од М.Н.

About Author