The Lockheed Martin HIMARS chassis is being manufactured for the first time at the company's Camden, Arkansas, production center. (PRNewsfoto/Lockheed Martin)

08.02.2023 Скопје

Агенцијата за одбранбена безбедносна соработка на Пентагон објави дека американскиот Стејт департмент одобри можна продажба на Полска на артилериски ракетен систем за висока подвижност М142 (HIMARS) и муниција.

Во мај 2022 година, Полска побара да купи 18 фрлачи HIMARS, 468 комплети на модули за фрлач на ХИМАРС, 45 армиски тактички ракетни системи M57 (ATACMS) и друга поврзана опрема за проценета цена од 10 милијарди долари, соопшти DSCA.

Во соопштението се наведува дека предложената продажба ќе ги подобри воените цели на Полска за ажурирање на способноста и дополнително ќе ја зајакне интероперабилноста со САД и другите сојузници. Исто така, се наведува и дека тоа ќе придонесе за „подобрување на безбедноста на НАТО сојузникот кој е сила за политичка стабилност и економски напредок во Европа“.

Артилериски ракетен систем М142 со висока мобилност, скратено ХИМАРС, е лесен повеќекратен ракетен фрлач развиен во доцните 1990-ти за Армијата на САД. Технички напреден, достапен и одржлив, ХИМАРС е интероперабилен со најновата прецизна муниција во опсег од 15-499+ километри, според Lockheed Martin, производителот.

Засега Вашингтон даде согласност на Полска да и продаде 18 системи ХИМАРС, но со огромна залиха муниција. Доколку САД се согласеа да ги испорачаат 500-те системи првично побарани од полското Министерство за одбрана, Полска ќе станеше најголемиот корисник на ХИМАРС во светот, надминувајќи ја дури и американската армија.

Минатата година, Полска, исто така, потпиша договор со Јужна Кореја за 288 ракетни артилериски системи K239 Chunmoo кои се доста слични на ХИМАРС, но користат ракети од различен калибар.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author