02.02.2023 Скопје
Во интервју за државната телевизија, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека сите сакаат конфликтот во Украина да заврши, но дека поддршката на Западот за Киев игра важна улога во тоа како Русија пристапува кон „специјалната воена операција“.
Лавров исто така потенцираше дека руските сили ќе одговорат на испораката на западно оружје со поголем дострел во Киев со обид да ги оттурнат украинските војници подалеку од линиите на фронтот, создавајќи безбедна тампон зона.
„Русија сака да стави крај на „специјалната воена операција“, но западот со намера ги разгорува тензиите а Украина не превзема никаков чекор за преговори“, истакна министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.
Подготвено од М.Н.