14.02.2023 Скопје
Рускиот вицепремиер Александар Новак соопшти дека оваа година Русија планира на „пријателските“ земји да им продаде повеќе од 80 отсто од извозната нафта, како и 75 отсто од нафтените деривати за извоз.
Вицепремиерот истакна дека во Русија „сè уште бараме и откриваме нови пазари и оваа година се очекува повеќе од 80% од извозот на нафта и 75% од нафтените деривати да бидат испорачани до „пријателските“ земји“.
Според Новак, постепеното отфрлање на руската нафта од западните земји „веќе предизвика нестабилност на светските нафтени пазари, како и негативни економски ефекти за земјите што ги воведоа ограничувањата. Нафтата „брент“ достигна врв од 125 долари за барел и остана над 100 долари за барел до есента минатата година“. Воедно, тој предупреди на неизвесноста околу глобалните пазари на „црното злато“, додавајќи дека западните земји од групата на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) од САД, Канада и Норвешка би можеле да ги ослободат своите стратешки нафтени резерви.
Новак објасни дека извозот на гас од Русија во 2022-ра година е намален на 184,4 милијарди кубни метри, или за 25,1 отсто помалку во однос на количините во 2021-ва година. Драстичниот пад е резултат на саботажата на гасоводите Северен тек 1 и 2.
Според него, Русија лани извадила 673,8 милијарди кубни метри сино гориво. Земјата направи напори да ја диверзифицира својата извозна инфраструктура, додаде тој, така што Русија сега може да продава повеќе гас во азиско-пацифичкиот регион.
Подготвено од А.Ѓ.