https://www.facebook.com/photo.php?fbid=3266555110261509&set=pb.100007211555008.-2207520000.&type=3

20.02.2023 Скопје

Русија ќе објави дека го освоила источноукраинскиот град Бахмут на годишнината од инвазијата, без оглед на фактите на теренот, соопшти британското Министерство за одбрана во извештајот на своето воено разузнавање.

Британското Министерство за одбрана тврди дека како што се приближува првата годишнина од војната (24 февруари), руските сили ќе бидат под зголемен притисок да покажат напредок пред нивните претпоставени.

Во извештајот исто така се наведува и дека, руските сили упорно продолжуваат со повеќекратните офанзивни операции во источна Украина, вклучувајќи ги и нападите врз градовите Вуледар, Кремина и Бахмут, но иако од јули се обидуваат целосно да ја завзамат таа територија досега успеале да присвојат само неколку села во таа околина.

Подготвено од М.Н.

About Author