14.02.2023 Скопје
Странските директни инвестиции во Романија се зголемија на 10,7 милијарди евра во 2022 година, од 8 милијарди евра во претходната година, покажаа податоците на централната банка.
Дополнителните средства од странските инвеститори не можеа да ги балансираат плаќањата и инвестициската позиција, бидејќи дефицитот на тековната сметка на Романија се зголеми за 52 отсто минатата година.
Дефицитот на тековната сметка беше речиси 26,6 милијарди евра во 2022 година, во споредба со 17,5 милијарди евра во претходната година. Зголемувањето најмногу се должи на поширокиот трговски дефицит, бидејќи увозот порасна побрзо од извозот во 2022 година.
Исто така, надворешниот долг минатата година се зголеми за повеќе од 6 милијарди евра, речиси целосно поради растот на краткорочните долгови за 15%.
Економскиот контекст може дополнително да ја комплицира макроекономската перспектива за Романија, иако се очекува инвестициите да бидат главниот двигател на растот во 2022 година по спроведувањето на националниот план за закрепнување и приливот на други фондови на ЕУ, според Европската комисија.
Сепак, економскиот раст сега се очекува да биде 2,5% во 2023 година, во споредба со 4,5% што се очекуваше минатата година, покажува Економската прогноза за зимата 2023 година објавена во понеделникот.
Подготвено од А.Ѓ.