24.02.2023 Скопје
Генералното собрание на Обединетите нации, кое започна вчера на специјална итна седница, одобри резолуција со која уште еднаш се осудува руската инвазија над Украина, нагласувајќи дека е поминато точно една година по избувнувањето на војната и потребата да се најде праведен мир.
Текстот беше одобрен со 141 глас „за“ и само седум „против“, од Белорусија, Северна Кореја, Еритреја, Мали, Никарагва, Русија и Сирија. Имаше 32 воздржани, меѓу кои Кина, Индија и Јужна Африка.
Кинескиот делегат во Обединетите нации, Даи Бинг, во својот говор пред Собранието истакна дека продолжувањето со испраќање оружје во Киев не претставува решение за конфликтот, и дека тоа само помага да се долее масло на огнот.
Од ОН му одговорија на кинескиот делегат дека ружјето испратено од Западот, не се користи за напад на Русија, туку за да и се дозволи на Украина да се одбрани, за да се спречи да биде поразена, бидејќи мировните преговори не можат да се започнат ако има победник и губитник.
Подготвено од М.Н.