https://twitter.com/StateEUR/status/1457858247491215370/photo/1

28.02.2023 Скопје

Габриел Ескобар, специјалниот американски претставник за Западен Балкан, порача дека сака да ги види Скопје и Софија во мирна и стабилна врска, истакнувајќи дека САД силно ја поддржува европската интеграција на Република Северна Македонија и ќе поддржи се што ќе ја однесе истата во ЕУ на брз и мирен начин.

За тоа како ги оценува односите меѓу Скопје и Софија со оглед на последните закани дека Бугарија може да го обнови ветото врз Република Северна Македонија, Ескобар истакна дека двете земји се вредни НАТО членки и „сакаме да видиме дека имаат мирна и продуктивна врска“.

Ескобар додаде дека САД силно ја поддржува интеграцијата на Република Северна Македонија кон Европската Унија што е можно побрзо и ќе поддржат се што ќе ја однесе таму брзо и мирно. Воедно, истакна дека САД ќе продолжи да работи со Владата на Република Северна Македонија за да и помогнат да ги постигне своите аспирации, потенцирајќи дека Република Северна Македонија е екстремно добар НАТО сојузник и може да ја увери ЕУ дека тоа ќе биде и како членка на ЕУ.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author