https://www.facebook.com/photo/?fbid=658012732996723&set=pb.100063640057173.-2207520000.

22.02.2023 Скопје

Дополнителни нови седум возила за одржување на хигиена во урбани средини кои се произведуваат во фабриката на БРАКО во Велес, беа испорачани кон клиентите во Калифорнија во САД.

Во пратката содржи од 6 рачно управувани електрични модели и еден камион со капацитет за складирање на отпад од 1,5 м2 со најсовремен и ефикасен систем за редукција на издувни гасови.

Со оваа пратка повторно се докажува зголемениот интерес за возилата на БРАКО на северно-американскиот континент.

Прет десетина дена се одржа саем во Калифорнија во рамките на Конференцијата за градски управи, на која со голем успех се претставија возилата на БРАКО.

Околу 500 посетители на Конференцијата, кои се дел од менаџментот на градските управи во сојузната Америчка држава покажаа голем интерес за електричните модели на БРАКО, за кои истакнаа дека станува збор за современи, ефикасни и еколошки возила за одржување на градската хигиена.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *