22.02.2023 Скопје
Жозе Мурињо бара одговори од раководството на Рома за тоа какви се плановите за иднината и не се исклучува можноста наскоро да дојде до разделба.
Медиумите пишуваат дека неколку клубови пројавуваат интерес за Мурињо и тоа Челси, Реал Мадрид, ПСЖ и Интер.
Кон крајот на минатата година, Мурињо имаше понуда да седне на кормилото на Португалија но тој ја одби својата земја и остана верен на Рома, но и покрај ваквиот развој на настаните, неговата иднина во Рим не е загарантирана.
Некои експерти предвидуваат дека Жозе Муриљо може да направи сензационално враќање во Интер и покрај тоа што во овој момент нема индикации дека Симоне Инзаги е пред отказ.
Подготвено од М.Н.