17.02.2023 Скопје
Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека Србија мора да го признае Косово бидејќи нема друга опција, а исто така мора да побара прошка за сите воени злосторства извршени на територијата на Косово, како и дека Албанците мора конечно да се обединат.
Рама додаде дека има добри односи со премиерот на Косово, Албин Курти, со оценка дека нивните средби се „инспиративни“, но додаде дека двајцата се разликуваат по пристапот.
„Албанците мора да се обединат, знаеме дека и Курти го сака истото, но јас размислувам поинаку за патот до тоа. Мислам дека мојот пат е пократок, но Курти треба да одлучи што треба да направи Косово“, истакна албанскиот премиер Еди Рама.
Подготвено од М.Н.