https://www.flickr.com/photos/137041619@N08/32740757892/in/photolist-RTbWDJ-2nbrt8f-XoMvQe-2j1iHkz-WB8yEi-RGM11v-rjGBc2-auWvPC-L7KnyW-2nPRGKL-2nmNgvq-RUFK5A-Sig1nc-SqQj6q-SifXRa-SuvyJX-SifYNv-Sig2tv-RUFKi1-Sig2Lz-Sig39t-RcMpvy-RfqPUg-kErgzT-SuvLAc-SfDCMG-kEtnsE-SfDCBG-kErjtD-2inG5J9-kEreHr-kErCVM-kErk9r-2gUNzn4-kEtr3q-kEts6s-kEtodY-kErJ6r-kErdsa-kErESn-kErhh4-kEtqrA-kErisF-kErgS6-kErJLe-kErE2V-kErF6Z-kEtp2b-BuGYWQ-258gqAX

01.02.2023 Скопје

Од Кремљ соопштија дека ракетите со долг дострел кои ќе бидат испратени како воена помош на Украина дополнително ќе ја ескалираат војната.

Се претпоставува дека овие ракети ќе бидат вклучени во претстојниот американски воен пакет за Украина, кој е вреден 2,2 милијарди долари.

Потпаролот на Кремњ, Дмитриј Песков, упати обвинување кон Соединетите Американски Држави бидејќи ја уништуваат правната основа на Договорот за контрола на нуклеарното оружје, „Новиот СТАРТ“ меѓу земјите.

Сепак, Песков тврди дека споменатиот договор и понатаму е „многу важен“ за Русија, без оглед на моменталната ситуација.

Песков исто така ја поздрави донесената одлука на руската компанија, за тоа дека ќе плати пет милиони рубли (58.000 фунти) за секој уништен или запленет тенк од американско или германско производство, а се работи за тенковите Леопард 2 кои исто така се испратени како воена помош на Украина.

Подготвено од М.Н.

About Author