https://www.facebook.com/photo.php?fbid=650629439761730&set=pb.100044440389228.-2207520000.&type=3

09.02.2023 Скопје

Бугарскиот претседател Румен Радев на вонредниот состанок на Европскиот совет што ќе се одржува денеска и утре во Брисел ќе го отвори прашањето за зголемената агресија и антибугарската кампања која според него се води во Република Северна Македонија.

Румен Радев истакна дека ќе побара од ЕУ да воведе мониторинг за да се гарантира почитувањето на правата на македонските Бугари.

На состанокот ќе учествува и претседателот на Украина, Володимир Зеленски, кој се очекува да одржи средба со сите европски лидери по групи и да побара повеќе оружје за Украина, Радев истакна дека, преодната влада ја исполнила одлуката на Народното собрание да испрати вооружување од резервите на бугарската армија.

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, пред вонредниот состанок на Европскиот совет изјави дека Бугарија не може да прифати европски санкции против Русија во областа на нуклеарната енергија, бидејќи тоа директно ќе влијае на нивната енергија, и доколку дојде до тоа, Бугарија ќе стави вето.

Подготвено од М.Н.

About Author