https://www.facebook.com/photo.php?fbid=508247924831606&set=pb.100069392071612.-2207520000.&type=3

22.02.2023 Скопје

Претседателот Владимир Путин вчера го отповика указот од 2012 година со кој делумно се поддржува суверенитетот на Молдавија во решавањето на иднината на Придњестровје, сепаратистичкиот регион што се граничи со Украина, каде што сега има Руски трупи.

Наредбата за откажување на документот од 2012 година беше објавена на веб-страницата на Кремљ и се вели дека одлуката е донесена за „да се осигураат националните интереси на Русија во врска со длабоките промени што се случуваат во меѓународните односи“.

Молдавскиот претседател на заедничката контролна комисија во безбедносната зона околу Придњестровје, Александру Фленчеа, соопшти дека откажувањето не значи дека Путин го напушта поимот молдавски суверенитет.

„Молдавија и Русија имаат фундаментален политички договор кој предвидува взаемно почитување на територијалниот интегритет на нашите земји“, додаде Фленчеа.

Од друга страна пак, Кремљ изјави дека односите на Русија со Молдавија, која минатата недела одобри нов прозападен премиер, кој вети дека ќе бара пристап во ЕУ, се многу затегнати. Москва ја обвини Молдавија дека спроведува антируска агенда.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *