15.02.2023 Скопје
Во Србија 15 и 16 февруари се слават како Национален ден во спомен на Првото српско востание (1804-1813), со кое започна борбата на земјата за независност од Отоманската империја.
Датумот исто така е важен и поради фактот што првиот устав на Србија бил донесен на 15 февруари 1835 година.
Рускиот претседател Владимир Путин по повод Денот на државноста на Србија, му испратил телеграма на претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Прес-службата на Вучиќ потврди дека рускиот амбасадор во Белград, Александар Боцан-Харченко му доставил телеграма
на Вучиќ од рускиот претседател Путин во која било напишано дека Русија ја цени балансираната надворешна политика на Белград.
„Ги поддржуваме вашите напори насочени кон одбрана на територијалниот интегритет на земјата и решавање на косовското прашање. Убеден сум дека понатамошниот развој на руско-српското стратешко партнерство целосно одговара на интересите на нашите братски народи. Искрено ви посакувам добро здравје и успех, како и благосостојба и просперитет за сите граѓани на Србија“, порачува во телеграмата рускиот претседател Владимир Путин.
Подготвено од М.Н.