https://www.facebook.com/photo.php?fbid=699964244828502&set=pb.100044447978953.-2207520000.&type=3

10.02.2023 Скопје

Килијан Мбапе е повреден и дефинитивно нема да игра на првиот меч против Баерн Минхен, но фановите на ПСЖ се загрижени бидејќи и Меси може да ја пропушти оваа исклучително важна пресметка меѓу двата клуба.

Лео Меси заработил повреда на синоќешниот меч од Купот на Франција против Марсеј и затоа неговиот настап на првиот натпревар против Баерн Минхен во Лигата на шампионите е неизвесен.

Во вторник од 21 часот ПСЖ е домаќин на Баерн Минхен во првата осминафинална пресметка.

Од ПСЖ соопштија дека ќе направат се за да го оспособат Меси за игра, но дали тоа ќе биде доволно, останува да видиме.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *