16.02.2023 Скопје
Неколку стотици граѓани вчера вечер се собраа во центарот на Белград на протест против прифаќањето на германско-францускиот план за Косово. Насобраните граѓани истакнаа голем транспарент со натпис „Косово е срцето на Србија“.
Меѓу насобраната толпа на граѓани, видливи беа и транспарентите „Нема предавање“, „Кој ќе го предаде Косово ќе ја предаде Русија“, а организаторите на овој протест пуштаат патриотски песни.
Инаку, на протестот е упатена директна закана за убиство под паролата „кој и да потпише, ќе биде убиен“.
На протестот беа присутни членови и функционери на Народната партија, поддржувачи на теории на заговор, „рамни заземјувачи“ и антиваксери кои меѓу другото носеа транспаренти против вакцинација и 5G зрачење.
Подготвено од М.Н.