https://www.facebook.com/photo?fbid=759599142189819&set=pcb.759600862189647

04.02.2023 Скопје

Официјална делегација на Левица, предводена од претседателот Димитар Апасиев го посети градот Кукуш, родното место на еден од најголемите македонски ревоулционери, Гоце Делчев.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на Владата на Република Северна Македонија и предложи да поднесе иницијатива до грчката Влада во која ќе побара, во Кукуш да се изгради спомен куќа на Делчев.

„Предлагам македонската Влада да поднесе иницијатива до грчката Влада во која ќе побара во Кукуш да се изгради спомен куќа на Делчев која ќе е своевиден музеј, ќе говори за ликот и делото на Гоце како и за неговото семејство и родниот Кукуш во кој пораснал. Тоа ќе биде и мост за пријателство имајќи ги предвид космополитските идеи и сфаќања на Делчев кои биле далеку пред времето во кое живеел. Една таква спомен куќа ќе биде и достојно признание за неговото дело“, истакна Николоски.

Подготвено од М.Н.

About Author