https://www.facebook.com/photo?fbid=754708356020077&set=pb.100044427579784.-2207520000.

04.02.2023 Скопје

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски како и претставници на политички партии се поклонија на гробот на Гоце Делечев во црквата „Свети Спас“.

Одбележувањето на роденденот на македонскиот револуционер поминува под строга полициска блоката на целиот простор околу објектот каде што се наоѓа неговиот гроб.

Делегацијата на Собранието ја предводеше потпреседателот Горан Мисовски, генералниот секретар Миле Зечевиќ беше на чело на делегацијата на СДСМ, а се очекува на гробот на Делчев да дојде и делегација на ВМРО-ДПМНЕ.

На чествувањето треба да пристигне и делегација од Бугарија кој ќе ја преводи вицепремиер задолжен за јавен ред и безбедност и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев и неговиот заменик Венцислав Катинов.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *