08.02.2023 Скопје
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска е во официјална посета на Велика Британија каде ќе се сретне со британскиот премиер Риши Сунак, соопштија од кабинетот на Сунак.
Според информациите на британските медиуми, Зеленски во оваа официјална посета ќе ги посети и украинските војници кои се на обука во Велика Британија, а ќе има и свое обраќање пред британскиот Парламент.
Британските медиуми наведуваат дека, канцеларијата на Сунак објавила планови за проширување на обуката за вооружените сили на Украина и дека ќе бидат обучени борбени пилоти и маринци, како и дека ќе се забрза снабдувањето со опрема за украинската војска.
Подготвено од М.Н.