01.02.2023 Скопје
Бразилскиот претседател Лула да Силва изјави дека е спремен да биде посредник меѓу претседателите на Русија, Владимир Путин и Украина, Володимир Зеленски.
„Доколку можам да помогнам, јас ќе помогнам, ако биде потребно да бидам посредник на преговорите за мир меѓу Путин и Зеленски, го прифаќам тоа“, изјави Лула на конференција за медиумите со германскиот канцелар Олаф Шолц.
Претседателот на Бразил истакна дека е потребно да се соберат луѓе кои поради своето влијание ќе бидат почитувани на преговарачката маса и сите да бидат вклучени во преговарачкиот процес, односно мировните разговори да се одржат во широк меѓународен формат кој би личел на Групата Г20.
Бразилскиот претседател додаде дека за овој предлог веќе разговарал со германскиот канцелар Олаф Шолц и со претседателот на Франција, Емануел Макрон, а истакна дека овој предлог ќе го спомне и при средбата со претседателот на Соединетите Американски Држави Џо Бајден и претседателот на Кина Си Џинпинг во март.
Подготвено од М.Н.