27.02.2023 Скопје
Преговорите на Турција со Шведска и Финска за нивниот влез во НАТО ќе продолжат на 9 март, по одложувањето што го утврди Анкара во јануари, изјави денеска министерот за надворешни работи на Анкара, Мевлут Чавушоглу, прецизирајќи дека средбата ќе се одржи во Брисел.
Разговорите ќе се фокусираат на имплементацијата на меморандумот што трите земји го потпишаа во јуни 2022 година.
Преговорите за пристапувањето на Шведска и Финска во НАТО беше стопирано во јануари по демонстрациите во Стокхолм каде беше запален Куранот.
Подготвено од М.Н.