https://www.facebook.com/photo?fbid=727054748790507&set=pcb.727055572123758

07.02.2023 Скопје

Општина Тетово и Територијалната противпожарна единица-Тетово испратија специјализирани и лиценцирани пожарникари за елементарни непогоди кон Турција поради потребата од пронаоѓање и спасување на луѓето кои останаа под урнатините како последица од вчерашниот земјотрес во знак на солидарност и поддршка со турскиот народ.

Од Општина Тетово информираат дека во знак на солидарност и поддршка, група од 9 лиценцирани пожарникари за елементарни непогоди од Територијалната противпожарна единица Тетово, со противпожарна и опрема за пребарување и спасување заминаа за југоисточниот дел на Турција за да му помогнат на турскиот народ. Воедно, информираа и дека во следните денови ќе бидат организирани активности за собирање на помош за турскиот народ.

Вчера и градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами, изрази солидарност со турскиот народ по разорниот земјотрес што погоди делови од Турција.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *