https://www.facebook.com/photo/?fbid=3049077235421704&set=a.231255609184974

21.02.2023 Скопје

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека денеска е пријавено преку електронски адреси и упатена е закана за поставени експлозивни направи до неколку институции во Скопје и деловни и станбени згради.

Заканите за поставени експлозивни направи се испратени до Музеј на град Скопје, Природонаучен музеј, Археолошки музеј, Музеј на ММБ Спомен куќа на Мајка Тереза, ГТЦ, Ист гејт мол, ТЦ Бисер, Флатирон, Џевахир, Управен суд, Куќа на Претседателот-Вила Водно, хотел Мериот, хотел Александар Палас, СЦ Борис Трајковски, Железничка станица Скопје и ФФМ.

„Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“, соопшти МВР.

Од МВР информираа дека засега нема дојави за поставени бомби во училиштата.

Подготвено од М.Н.

About Author