https://www.flickr.com/photos/jenniferboyer/6042786929/in/photolist-acYS2x-2jA9hXn-2juceHq-2mJENeV-2mJwfyn-MMr8dY-2kpiBF4-5TRqvq-2ksyHcM-2jyY2VD-AjwgaN-2jyL92r-2kiEcsm-fNvhSx-7JnZBs-2mmrcP2-2jAd3Lm-2hfvDfA-2mmrfbm-zfSJqE-nH1YVZ-2hfpyoY-39XwZi-5ntrxp-ddBebH-2hccfrw-2mmhkmM-2iYQEHs-2kuoVWA-2hfvDi6-bdDWM-6odLyf-2i1AADj-B9AkAc-ijiiLN-2mmhiYG-2mmmdCs-CVFFf-2naKmbE-2mmrbuP-Gx6dcL-ktfXjj-2mmre3p-ku68a6-2kukgXs-5Fco6w-2mmhjXa-29eP43p-cfpHjC-2mmmb4z

27.02.2023 Скопје

Неофицијалните податоци на Унијата за одржливо враќање и интеграција во Босна и Херцеговина покажуваат дека повеќе од 600.000 граѓани ја напуштиле Босна и Херцеговина во последните десет години, а тој број расте од година во година.

Претседателот на Унијата, Мирхуниша Зукиќ, истакна дека на крајот на 2021 година, „нашите волонтери забележаа заминување на 484.996 граѓани. На оваа бројка треба да се додаде фактот дека во 2022 година, окрузите Посавина и Западна Херцеговина загубија 15.000 жители, од кои околу 70 отсто се млади луѓе, главно од Оџак, Домаљевац, Шамац и Модрича“.

Масовен егзодус на млади има и во Добој и Дервента, Теслиќ, Градишка, Приједор, Прњавор.

„Процентот на млади што ги напуштаат Љубушки, Широки Бријег и Груд е дури 80 проценти. Грахово е град на духови, училиштата се затворени во Дрвар и се користат само за гласање на избори, источна Босна останува напуштена. Имаме толку многу тажни градови и, според добиените податоци, проценуваме дека во последните десет години од Босна и Херцеговина емигрирале 600.000 граѓани“, рече Зукиќ.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author