francija poranesen pretsedatel oland

01.02.2023 Скопје

Поранешниот претседател на Франција, Франсоа Оланд, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е „радикално рационален“ лидер кој смета дека западните земји ќе се изморат од поддршката на Украина и ќе се согласат на преговарачки крај на конфликтот што ќе биде поволен за Русија.

Оланд, кој беше претседател на Франција од 2012 до 2017 година, има големо политичко искуство со Путин.

Тој ги водеше преговорите со рускиот лидер, заедно со поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, во таканаречениот формат Нормандија во 2014 година, откако Москва го анектираше Крим од Украина и ги поддржа проруските сепаратисти во регионот на Донбас.

Напорите на Оланд за дијалог се покажаа недоволни, изложувајќи го Путин како лидер кој си ја разбра силата и фрлајќи сомнеж врз сите подоцнежни обиди за разговори, вклучително и контроверзниот напор предводен од актуелниот француски претседател Емануел Макрон, изјави Оланд.

Подготвено од М.Н.

About Author