09.02.2023 Скопје
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел во средата на пригодна церемонија во главниот град на Брегот на Слоновата Коска ја прими наградата за мир на УНЕСКО „Феликс Хуфует-Буњи“, поради донесената одлука со која прифати голем број на бегалци во Германија во 2015 година.
„Одборот ја прифати храбрата одлука која ја донесовте во 2015 година и прифативте повеќе од еден милион бегалци, додека во исто време многу држави повикуваа да се затворат границите на Европа. Вие бевте олицетворение на политичката храброст во тој момент“, истакна генералниот директор на УНЕСКО, Одри Азуле.
„Почитувањето, заштитата и споделувањето на човековите права со другите е главна задача за сите нас, Германија реши да ги почитува овие принципи во миграциската политика на државата, а тоа беше можно само затоа што многумина се посветија на работата на теренот“, изјави Меркел од говорницата на Фондацијата Феликс Хуфуе-Боињи, која го доби името по првиот претседател на Брегот на Слоновата Коска.
Ангела Меркел, која ја водеше Германија цели 16 години, прими повеќе од 1,2 милиони бегалци и баратели на азил во 2015 и 2016 година во екот на миграциската криза која беше поттикната од војната во Сирија.
Подготвено од М.Н.