28.02.2023 Скопје
Започна со енергијата, но кризата со зголемените трошоци за живот сега се прошири на сите сектори и ја погодува цела Европа и пошироко. Во февруари цените на гасот во Европа паднаа на најниско ниво во последните 18 месеци, но цените на храната го продолжуваат нагорниот тренд.
Во јануари цените на храната во Европската унија пораснаа во просек за 18,4 отсто во споредба со претходната година. Унгарија е „лидер“ во поскапувањата на храната (48,2%), следена од Литванија (32%) и Словачка (28,6%).
Најмали поскапувања се забележани во Швајцарија (5,8%) и Кипар (10,3%).
Цените на храната растат, ја зголемуваат несигурноста и ги зголемуваат социјалните тензии. Тие, исто така, ги оптоваруваат буџетите на владите кои се борат со зголемените сметки за увоз на храна и намалениот капацитет за финансирање дополнителна социјална заштита за најранливите.
Кризата доведе до улични протести во многу европски земји и штрајкови во други, како што е Велика Британија, каде вработените во јавниот сектор се во расправија со владата за платите и условите за работа. Влијанието на кризата со трошоците на животот е најсериозната закана за глобалната заедница според Извештајот за ризик од 2023 година на Светскиот економски форум.
Подготвено од М.Н.