izgradba delnica kriva palanka blokada poradi miniranje

14.02.2023 Скопје

Во текот на утрешниот ден, во периодот од 13 до 16 часот ќе се врши минирање за изградба на експресниот пат А2 делница Длабочица – Чатал и сообраќајот ќе биде во прекин во одреден дел од наведениот период, соопштија од АМСМ.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата.

Од АМСМ исто така препорачуваат прилагодена брзина на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Подготвено од М.Н.

About Author