22.02.2023 Скопје
Полска ќе и испорача 14 напредни тенкови Леопард 2 на Украина во следните две до три недели, соопшти полскиот шеф на дипломатијата.
Портпаролот на полското Министерство за надворешни работи, Лукаш Јасина, додаде дека Варшава поддржува испраќање борбени авиони во Киев, но истакнува дека за таков потег е потребен консензус меѓу членките на НАТО.
„Авионите се исклучително корисни за војната во Украина“, изјави Јасина, а потоа додаде дека, „Сепак, ние сме членка на НАТО и сакаме да постигнеме договор во сите такви одлуки за да учествуваме заедно. Алијансата е посилна кога сме заедно“.
Подготвено од М.Н.