polska granici

06.02.2023 Скопје

Полска наскоро ќе почне да гради електронска ограда на границата со Калининградската област бидејќи стравува дека Русија и Белорусија повторно ќе им помогнат на мигрантите да ја преминат границата во обид да ја дестабилизираат Европа.

Полската агенција за печат (ПАП) објави дека бариерата ќе покрива околу 200 километри копнена граница и ќе вклучува систем од камери и детектори. Портпаролката на полската гранична стража Ана Михалска најави дека градежните работи треба да започнат во март.

Михалска објасни дека граничарите ќе можат да ја контролираат границата, додека пак системите за откривање ќе испраќаат предупредувања, чии алгоритми ќе бидат конструирани на начин што ќе им овозможат на стражарите да реагираат на вистинските обиди за преминување на границите од луѓе, а не од животни.

Полска се подготвува за повторување на граничната криза во 2021 година, каде илјадници африкански и блискоисточни бегалци и мигранти се обидоа да влезат во земјата преку Белорусија.

Минск негираше дека ја инженерил ситуацијата во тоа време, а наместо тоа ги обвини Варшава и Брисел за предизвикување хуманитарна криза што доведе до смрт на неколку мигранти во шумите долж границата.

Засега ситуацијата на полско-руската граница останува стабилна и мирна, изјави портпаролката на регионалната гранична стража.

Минатата година чуварите пријавиле 11 случаи на илегално преминување на границата на Калининградската област. Дополнително, има случаи на копање ровови на граничниот појас од страна на собирачи на печурки, кои го изгубиле патот, или туристи кои сакаат да се фотографираат со граничниот пункт.

Од ноември минатата година, полската армија на барање на Граничната стража поставува жичана бариера долж границата со Калининград.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author