23.02.2023 Скопје
Против двајца полицајци од Варшава е поведена дисциплинска постапка бидејќи размениле документи за внатрешната безбедност за посетата на американскиот претседател Џо Бајден на Полска преку приватни имејл адреси.
Портпаролот на полицијата во полската престолнина, изјави дека меѓу разменетите документи на двајцата полициски службеници немало доверливи информации, бидејќи безбедносните планови за посетата на американскиот претседател Бајден се доверливи и не се испраќаат по електронска пошта.
Од она што го дознаваат тамошните медиум, пак, испратените документи се однесувале токму на безбедноста на посетата на Бајден, или пак можеби тоа било само презентација од брифинг, но сепак е прекршување на процедурите.
Подготвено од М.Н.