https://www.flickr.com/photos/prachatai/49718934141/in/photolist-2iKuwWr-2m8JjRC-2kZDmUC-2k4EJUV-2ksDGB1-2jsub8N-2kVfz9H-2ksDGyW-2mZ5sRw-2iPYhjk-2j7C7ix-2mraQ4g-2krFeuV-2j3y4dm-2j7AFoP-2jgLZ1a-2ksDGLu-2mMeCMw-2iFgVDf-2iKw951-2j7C7Tk-2iTYy37-2iZQf8t-2j7AFfs-2j7C7K9-2j7y7X2-2kkbCNc-2iNTrPk-2mx5sJi-2iKKJBr-2jKZ4pt-2iHM3tD-2iLwack-2msm5te-2jVZhX4-2kQ7NHF-2iNzf8e-2iNAyBf-2iQkWoL-2iKrLH2-2j7y7DS-2mnFVCo-2j7y7u8-2j7C7X3-2iSMYyy-2j6pnV2-2j9YP1g-2j7y7qR-2iMgteC-2kjF5Xj

28.02.2023 Скопје

Главниот извршен директор на регионот Џон Ли во обид да привлече посетители и бизниси и да го врати нормалниот живот по повеќе од три години по наметнувањето строгите правила, изјави дека Хонг Конг ќе стави крај на обврската за носење маски во борбата против коронавирусот.

Укинувањето на барањето за маска во Хонг Конг ќе стапи на сила од среда, 1 март, истакна Ли. Специјалниот административен регион Хонг Конг е едно од последните места во светот каде носењето маски се уште е задолжително.

Административните региони на Хонг Конг и Макао ја следат кинеската политика на нулта толеранција за коронавирусот во последните три години. Хонг Конг почна да ги укинува рестриктивните мерки минатата година, но обврската за носење маски е на сила од 2020 година.

Подготвено од М.Н.

About Author