24.02.2023 Скопје
Ла Лига на мејл добила анонимна пријава дека натпреварот помеѓу Урикан Мелиља и Леванте во Копа дел Реј во сезоната 2021/22 бил наместен.
Медиумите од Шпанија пренесуваат дека натпреварот помеѓу Урикан Мелиља и Леванте во Копа дел Реј, каде гостите славеа со убедливи 0-8 е под истрага.
Пријавата веднаш била проследена до полицијата која отворила истрага и веќе на распит се повикани шест лица, помеѓу кои и еден поранешен фудбалер на Урикан Мелиља.
Подготвено од М.Н.