satelit vo vselenata

23.02.2023 Скопје

Република Северна Македонија е меѓу петте екс-ју земји кои заедно ќе лансираат сателит, со помош од Индија леталото во јуни треба да се вивне во вселената.

Сателитот ќе се вика СЕСА, што е кратенка на англиски за Вселенска асоцијација на Југоисточна Европа и е меѓу вкупно 75 сателити кои ќе бидат испратени во вселената во три ракети од кои секоја ќе носи по 25 сателити. Внатре во сателитот ќе има мал простор од 10 кубни сантиметри каде ќе може нешто да се складира.

Република Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Хрватска и Црна Гора треба заеднички да лансираат сателит до јуни во проект кој е координиран од Индиската вселенска агенција. Во мисијата ќе учествуваат и деца, ученици од целиот регион со свои цртежи кои ќе бидат зачувани во сателитот. Леталото треба да полета од Индија во чест на 75 години од независноста на оваа земја.

Пет невладини организации од поранешните југословенски републики кои се занимаваат со роботика, технологии, истражување на вселената и иновации минатата година ѝ се приклучиле на СЕСА, Вселенската асоцијација на Југоисточна Европа.

Инаку, Здружението СЕСА, заедно со ЦЕРИТ, го сочинуваат Комитетот за развој на вселенската програма од Нови Сад (Србија), вселенските истражувања на Црна Гора од Подгорица (Црна Гора), Јадранската воздушна асоцијација од Загреб (Хрватска) и Центарот за иновации и технолошки развој NAVIA од Скопје.

Седиштето на СЕСА во наредните четири години ќе биде во Мостар во Босна и Херцеговина.

Подговено од А.Ѓ.

About Author