06.02.2023 Скопје
Претседателот Стево Пендаровски изрази сочувство до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и до семејствата на загинатите во силниот земјотрес во Турција.
На својот официјален Фејсбук профил, претседателот Пендаровски напиша дека изразува „најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите, претседателот Реџеп Таип Ердоган и турскиот народ во овие тешки мигови по страшниот земјотрес што ја погоди Турција“, а на повредените им посака брзо закрепнување.
Подготвено од А.Ѓ.