21.02.2023 Скопје

Кинескиот министер за надворешни работи на конференција во Пекинг, изјави дека Кина е многу загрижена поради конфликтот во Украина кој ескалира, па дури и излегува од контрола.

Американскиот шеф на дипломатијата Антони Блинкен предупреди дека последиците ќе бидат огромни доколку се потврди кинеската воена помош за Русија, а за тоа истиот ден зборуваа и некои други европски лидери, но Кина ги отфрли овие тврдења.

„Ги повикуваме одредени земји веднаш да престанат да долеваат масло на огнот на конфликтот во Украина со ваквите изјави“, истакна министерот Чин Ганг, очигледно мислејќи првенствено на Соединетите Американски Држави.

„Како и секогаш, Кина ќе продолжи да го промовира мировниот дијалог и да работи со меѓународната заедница за решавање на проблемите преку дијалог. Ние сме заинтересирани само за заедничката безбедност“, додаде Чин Ганг.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *