24.02.2023 Скопје
Партизан со предност од 1-0 го почна реваншот со Шериф кој се играше во Белград, но дома загуби со 1-3 и доживеа елиминација од Конференциската лига.
Партизан победи во Молдавија со 1-0, па никој не му предвидуваше ваков крај, особено не откако по 13 минути игра со гол на Менинг поведоа со 1-0.
До крајот на првото полувреме Шериф направи комплетен пресврт со головите на Бадоло во 22 минута и Диоп во 45, а по две минути игра во второто полувреме Диоп даде уште еден гол и го постави конечниот резултат од 1-3 за Шериф.
Покрај Шериф, понатаму оди и Лацио кој одигра 0-0 на гостувањето кај Клуж, но во Рим славеше со 1-0. Ист беше случајот и со АЕК Ларнака на Тричковски кој одигра 0-0 кај Днипро, но дома победи со 1-0.
Подготвено од М.Н.